Вработен во „Македонски железници“ повреден од струен удар при извршување работни задачи во Скопје
- Вработен во „Македонски железници“, З.А. (60) од Неготино, вчера бил донесен со изгореници од струен удар во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје, а според пријавата во СВР Скопје, повредата се случила додека извршувал работни задачи во Скопје.
- Post By Лидија Велковска
- 14:43, 21 mars, 2026
Скопје, 21 март 2026 (МИА) - Вработен во „Македонски железници“, З.А. (60) од Неготино, вчера бил донесен со изгореници од струен удар во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје, а според пријавата во СВР Скопје, повредата се случила додека извршувал работни задачи во Скопје.
- На 20.03.2026 во 09:49 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје е пријавено дека кај нив со повреди-изгореници бил донесен З.А.(60) од Неготино, вработен во „Македонски Железници“. Според пријавеното, З.А. со повредите се здобил од струен удар, додека извршувал работни задачи во Скопје - наведува Министерството за внатрешни работи во дневниот Билетн.
Увид извршиле полициски службеници од СВР Скопје и за настанот бил известен трудов инспектор. лв/ац/
Фото: МИА архива