• e martë, 11 shkurt 2025

Вработените во велешка Колска времено го стопираа штрајкот поради исполнување на дел од барањата

Вработените во велешка Колска времено го стопираа штрајкот поради исполнување на дел од барањата

Велес, 10 февруари 2025 (МИА) - Вработените од Фабриката за шински возила „Велес“ попозната како Колска кои во петокот ја добија декемврискаа плата, денеска добија и здравствено осисурување. Воедно тие во петокот потпишале и договор за реновирање на уште седум вагони на Македонски Железници, информира денеска за МИА првиот синдикалец на Колска Тони Арсовски.

Во погоните денеска работниците интензивно работеа на реновирање на трите претходно добиени вагони од Македонски железници, а во наредните денови во работната хала треба да ги донесат и уште 7-те вагони на Македонски Железници кои се на станицата во Велес, а на кои ќе треба интензивно да работат во наредните два-три месеци, за да земат плата се до реаорганизација на фирмата за која е поведена стечајна постапка. Основниот суд во Велес првото рочиште со доверителите го закажа за 19 март.

-Плата земавме, но не и К-15. Наводно во фабриката дошла трудова инспекција и направиле увид. Ние чекаме таа да се произнесе дали е законски или не да добиеме К- 15 за 2024 година. Ние како работници не отстапуваме од барањето за регрес за годишен одмор кое како вработени ни е загарантирано право со закон. Затоа додека законски ни следува ние ќе бараме К-15. Имаме најава дека ќе се потпишат договори да земама плата и во наредните два-три месеци додека фирмата не се реарганизира, информира Арсовски.

Тој потенцира дека вработените на првото рочиште на 19 март чекаат како ќе се произнесе судот.

-Ако се изјасни позитивно, вработенит во Колска очекуваат дека новиот газда тоа што им го ветил ќе го реализира, појасни Арсовски.

Засега единствен заинтересиран за Колска е фирмата „Трени Балцани“ од Струмица, киј претставник бил во посета на Колска и им ветил дека има соработка за работа со италијанска фирма, негов деловен партнер.

Воедно работниците подржани од фабричкиот синдикат и од ССМ најавија дека ако во текот на февруари не добијат плата за јануари, повторно ќе го активираат штрајкот, а кој го стопираа во петокот.

Сепак како што потенцира првиот синдикалец Арсовски бидејќи се државна фирма, во очекување се дека Владата, како што ветила во петокот и им исплатила плата, така и повторно ќе им помогне да ги добијат и платите за јануари,февруари, март и април годинава, а со тоа и здравствено осигурување, се до реорганизација на фирмата и доаѓање на новиот газда. ад/сст/

фото МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR