• e martë, 17 shkurt 2026

Во штипското медицинско училиште симулација на вежба во услови на поплава

Во штипското медицинско училиште симулација на вежба во услови на поплава

Штип, 16 февруари 2026 (МИА) – Во штипското медицинско училиште „Јане Сандански“ денеска за првпат имаше симулација на вежба во услови на поплава. Во симулацијата учествуваа околу 400 средношколци и наставници, кои беа на настава, а интервенираа Територијалната Противпожарна единици (ТППЕ)- Штип, Брзата помош како и Општинската организација на Црвен крст. Директорката на Средното општинско училиште (СОУ) „Јане Сандански“-Штип, Марија Николиќ рече денешната симулација завршила за 12 минути.

-Денес во СОУ „Јане Сандански“ во Штип се спроведе сиимулација на вежба за симулација на поплава, за првпат во Штип. Можам да кажам дека од сите досегашни вежби при катастрофи вежбата заврши за време од 4 минути, а целата евакуација на учениците и на вработените беше 12 минути. Би сакала да се заблагодарам на ТППЕ Штип, Брзата помош и Црвениот крст. Беа вклучени сите професори и околу 300 ученици кои беа на настава- вели Николиќ.

Претходната година се спроведе едукативна работилница за евакуација при појава на пожар, а ваквите вежби се законски предвидени да се спорведуваат и тоа на секои три години.

-Ова ни е законски предвидена и задолжителна, на секои три години согласно законот се реализираат вакви вежби, но сметам дека како училиште треба да ја подигнеме свеста кај младите и овие вежби да се прават барем еднаш годишно- изјави Николиќ.

Претходно во ова училиште се спроведоа симулациски вежби за евакуација при пожар и земјотрес. вдј/дма/

Фото: МИА

 

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR