• e premte, 03 janar 2025

Во штипската Клиничка болница женско бебе во новата година

Во штипската Клиничка болница женско бебе во новата година

Штип, 1 јануари 2025 (МИА) - Андреја е првото новороденче кое се роди во штипската Клиничка болница. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов и директорот на болницата, Владко Захариев, денеска ги посетија Андреја и нејзината мајка.

Раководителката на Одделението на гиникологија и акушерство при Клиничка болница -Штип, Станка Јаневска - Велкова истакна дека бебето има три килограми и 550 грама и 49 сантиметри.

- Се роди неколку сеукнди само по полноќ и сме многу среќни сите заедно со Андреја. Да е жива и здрава, голема да расте, рече Јаневска - Велкова.

Таа истакна дека минатата година ја имаат завршено со 418 раѓања, а бројката е намалена како во сите други родилишта. Желба ѝ е на родилките да им се врати довербата во државните родилишта.

Штипскиот градоначалник посака оваа година да има многу новороденчиња, кои ќе означуваат нова надеж, нов живот и напредок во општина Штип.

- На нашите сограѓани им посакувам успешна, среќна и бериќетна нова година. Во оваа година да имаме многу развој во нашиот град. Нека малата Андреја биде поттик за напредок и бериќетна 2025 година, изјави Јорданов.

Директорот на Клиничка болница - Штип, Захариев порача оваа година да биде со повеќе рожби, а граѓаните да имаат помалку нервози. 

За лекарите и медицинскиот персонал, новогодишната ноќ поминала вообичаено, без случаи со алкохолизирани граѓани, а имале интервенции на повредени лица во сообраќајни несреќи со полесни повреди.

Инаку, подобрени и посовремени услови има за родилките и нивните новороденчиња на Одделението за гинекологија и акушерство каде има и два нови апартмана, а по Божиќ ќе се реновира и тоалетот. Годинава, се очекува доекипирање и на лекарскиот кадар, со враќање на две лекарки од породилно боледување и со нови лекари - специјализанти, за кои постои најава за вработување од Министерството за здравство. вдј/бд/

Фото: МИА 

QËNDRONI TË LIDHUR