• e diel, 28 korrik 2024

Во Шпанија уапсен еден од најопасните италијански мафијаши во бегство

Во Шпанија уапсен еден од најопасните италијански мафијаши во бегство

Мадрид, 27 јули 2024 (МИА) – Еден од најопасните италијански мафијаши во бегство, член на организацијата Роман камора, Франческо Лапис, е уапсен во Барселона, соопшти денеска шпанската полиција.

Како што се наведува, Лапис бил на италијанската листа на „најопасните бегалци“ откако се дознало дека е поврзан со таа организација.

Тој е осуден во Италија за шверц на големо количество кокаин, хашиш и марихуана во Шпанија. Откако побегнал, италијанската полиција побарала помош од шпанските колеги да го пронајдат.

Шпанската полиција прво претпоставувала дека тој е на островот Ибица, но кога неговите соработници од Франција пристигнале во Барселона, почнала операција за надзор во тој град.

Иако неговите соработници презеле мерки да избегнат апсење, полицијата ги следела до предградие на Барселона, каде го пронашла на улица и набрзо го уапсила. Италијанската полиција по Лапис распиша потерница преку Интерпол. јт/

Фото: ЕПА архива

QËNDRONI TË LIDHUR