• e shtunë, 05 tetor 2024

Во Црна Гора уапсени 13 лица осомничени за криумчарење 352 мигранти

Во Црна Гора уапсени 13 лица осомничени за криумчарење 352 мигранти

Подгорица, 4 октомври 2024 (МИА) - Во Црна Гора уапсени се 13 лица осомничени за криумчарење на 352 мигранти, соопшти Специјалното државно обвинителство (СДТ). Приведените се обвинети за создавање криминална организација и недозволен премин на државната граница и криумчарење луѓе.

Мигрантите потекнуваат од Пакистан, Бангладеш, Индија, Непал, Сирија и други држави, а нивното криумчарење се вршело со цел остварување финансиска добивка, пренесува РТЦГ.

Од СДТ соопштија дека дејствата на криминалната група се изведувани од лани до октомври оваа година. 

Во рамки на операцијата се трага и по други лица. ссм/

фото: архива

QËNDRONI TË LIDHUR