Во тек реализација на проект за целосна реконструкција на главната улица во дебарската населба „Ново Коњаре“
- -Со проектот е предвидено отстранување на стариот материјал на улиците (калдрмата), изградба на атмосферска канализација, што се гради за првпат, тампонирање на улиците, поставување на ивичњаци, и асфалтирање. Исто така вклучена е и реконструкција на фекалната канализација а дополнителна активност е нивелирањето на шахтите, рече за МИА, Илдрит Бомова, од општина Дебар.
Дебар, 4 октомври 2024 (МИА) - Општина Дебар го реализира проектот за целосна реконструкција на главната улица во дебарската населба „Ново Коњаре“, со што видно ќе се подобри патната инфраструктура, во оваа населба.
-Со проектот е предвидено отстранување на стариот материјал на улиците (калдрмата), изградба на атмосферска канализација, што се гради за првпат, тампонирање на улиците, поставување на ивичњаци, и асфалтирање. Исто така вклучена е и реконструкција на фекалната канализација а дополнителна активност е нивелирањето на шахтите, рече за МИА, Илдрит Бомова, од општина Дебар.
Според него, техничката документација за проектот е изготвена со финансиски средства од буџетот на општина Дебар, додека истиот се реализира со средства добиени од Бирото за регионален развој со кофинансирање на општината, а вкупната инвестиција изнесува 8,4 милиони денари.
Оваа населба е изградена во седумдесеттите години од минатиот век и живеат неколку илјади граѓани, главно поранешни жители на селото Коњаре, по што го добила и името.
Како што изјави Бомова, жителите на Коњаре, како и жителите на другите населби во Дебар, заслужуваат уште повеќе, затоа општина Дебар ќе продолжи да се грижи во реализацијата на други инфраструктурни проекти. вт/нд/
Фото: МИА