• e premte, 21 shkurt 2025

Во Струмица ќе се одржи Тивериополска филмска вечер

Во Струмица ќе се одржи Тивериополска филмска вечер

Струмица, 21 февруари 2025 (МИА) - Вечер во кафе-барот „Нагоре“ во Струмица ќе се одржи Тивериополска филмска вечер проследена со пригодна проекција на две исклучителни дела кои биле дел од програмата на „Астерфест“-„Со кренати раце“ и „Уметноста на молитвата“.

Како што соопштија од „Астерфест“, филмот „Со кренати раце“ е во полска продукција, добитник на „Златна палма“ во Кан и е фиктивно пресоздавање на еден вистински настан од моментите пред и по снимањето на познатата фотографија на која се прикажани жена и дете со кренати раце.

„Уметноста на молитвата“, пак, е повеќекратно наградуван македонски филм, сниман на неколку континенти, кој успева на сликовит начин да ја допре уметноста на молитвата, покажувајќи ја убавината на медитативната тишина.

Авторите на овие врвни креативни филмови, Митко Панов и Стефан Шашков, ќе бидат специјални гости на мини панел-дискусијата насловена како „Авторскиот филм-од приказна до визуализација“.

Инаку, оваа филмска средба е дел од циклусот настани во јубилејната, 20. сезона на „Астерфест“. рт/сст/

Фото: организатори

QËNDRONI TË LIDHUR