Во Струмица ќе се одбележат 21 година од загинувањето на претседателот Трајковски
- Пред споменикот „Македонија“, подигнат во чест на трагично загинатиот македонски претседател Борис Трајковски, родната Струмица денеска ќе одбележи 21 година од неговата смрт.

Струмица, 26 февруари 2025 (МИА) - Пред споменикот „Македонија“, подигнат во чест на трагично загинатиот македонски претседател Борис Трајковски, родната Струмица денеска ќе одбележи 21 година од неговата смрт.
Членови на семејството Трајковски, пријатели, претставници на локалната самоуправа, политички партии и здруженија на граѓани со положување цвеќе и поклонување пред неговиот споменик ќе ја искажат својата почит, а за ликот и делото на Трајковски ќе говори градоначалникот Костадин Костадинов.
Борис Трајковски е роден на 25 јуни 1956 година во Струмица и е втор македонски претседател. Функцијата ја вршеше од 15 декември 1999 година до 26 февруари 2004 година, кога загина во авионска несреќа кај местото Ротимље, кај Мостар (БиХ).рт/вг/
Фото: МИА архива