• e mërkurë, 19 mars 2025

Во Струмица, Гевгелија и Валандово собири во спомен на загинатите во пожарот во Кочани

Во Струмица, Гевгелија и Валандово собири во спомен на загинатите во пожарот во Кочани

Струмица, 18 март 2025 (МИА) - Со собир одбележан со молк, палење свеќи и потпишување во книгата на жалост вечерва на Градскиот плоштад во Струмица голем број граѓани им оддадоа почит на загинатите во пожарот во Кочани, но и на струмичанецот Горги Горгиев (24), тапанар на групата ДНК, која трагичната вечер имаше концерт во дискотеката „Пулс“.

Со пароли во рацете младите испратија порка до институциите државата да функционира, а системот да биде без корупција.

Освен во Струмица, собири со молк и палење свеќи се одржаа во Валандово и Гевгелија.рт/ар
Фото:МИА

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR