• e enjte, 30 janar 2025

Во Собранието седница за пратенички прашања

Во Собранието седница за пратенички прашања

Скопје, 30 јануари 2025 (МИА) - Собранието денеска ќе ја одржи 32. пленарна седница на која на деневен ред се пратенички прашања. 

Седниците за пратенички прашања се одржуваат последниот четврток во месецот, а според воспоставената практика, први за поставување прашања на премиерот и министерите се пратениците од опозицијата. 

На паузата, се очекува да се одржи продолжението на 33. седница и да се гласа за измените на Законот за инспекциски надзор. 

Претходно, претпладнето претседателот на Собранието Африм Гаши ќе го одржи редовниот месечен брифинг со новинарите. ев/бак/

Фото: Архива 

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR