• e mërkurë, 04 shkurt 2026

Во Полска приведен наводен руски шпион, кој повеќе од 30 години работел во Министерството за национална одбрана

Во Полска приведен наводен руски шпион, кој повеќе од 30 години работел во Министерството за национална одбрана

Варшава, 3 февруари 2026 (МИА) – Полската воена полиција денеска приведе вработен во Министерството за национална одбрана под сомнение дека соработувал со руските и белоруските разузнавачки служби.

Според полските медиуми, осомничениот бил приведен од работното место. Тој имал позиција на средно ниво во Одделот за стратегија и планирање на одбраната.

Приведувањето е реализирано по долга истрага на полската Воено контраразузнавачка служба.

Приведениот (60) во полското Министерство за национална одбрана работел од 90-тите години на ХХ век. ми/

фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR