• e shtunë, 19 tetor 2024

Во кумановската касарна „Боро Менков“ Командата за операции (КО) со воена свеченост го одбележа денот на единицата

Во кумановската касарна „Боро Менков“ Командата за операции (КО) со воена свеченост го одбележа денот на единицата

Куманово, 17 октомври 2024 (МИА) - Во кумановската касарна „Боро Менков“, припадниците на командата за операции денеска со воена свеченоста го одбележаа денот на единицата. Пред присутните се обрати началникот на генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски кој се осврна на функцијата на командата, честитајќи го денот.

- Таа е предводник на модернизацијата, опремувањето и исполнувањето на обврските произлезени од членство во НАТО дефинирани преку целите на способности. Во изминатите четири години, Командата за операции успешно се справува со исклучително сложена и одговорна задача, а тоа е да ја организира, развие и подготви лесната пешадиска баталјонска група со цел да биде целосно оперативно подготвена до 2027 година, рече Лафчиски.

Командата ги подготвува и единиците на Армијата кои учествуваат во меѓународни мисии, единиците се одлично обучени што се покажува преку учеството на вежби во земјава и странство.

- Руската агресија врз Украина не потсети дека слободата не е бесплатна, а демократските принципи и вредности на Европа доколку не се бранат, може да се изгубат. Обединети со нашите сојузници, ја препознаваме потребата од подобрување и унапредување на одбранбените капацитети и зголемување на нашите борбени способности. Буџетот на Министерството за Одбрана постојано расте и оваа година сме една од неколкуте членки на НАТО кои издвојуваат над два проценти од БДП, каде речиси 1/3 од средствата се наменети за модернизација и опремување на Армијата. Искуствата од војната во Украина покажуваат дека модерното војување драматично се менува и без оглед на цената, не смее да се заостанува во поглед на новите технологии. Заедно со нашите сојузници мора да ги надградиме нашите одбранбени капацитети, за да бидеме побрзи, помоќни и попаметни на бојното поле, кажа Лафчиски.

Тој потсети на учеството на единиците во справување со пожари и друга поддршка, се заблагодари на поддршката на стратешките партнери, сојузници, на Владата и Министерството за одбрана.

Пред присутните се обрати и командантот на Командата за операции, бригаден генерал Бесник Емини кој во говорот пред присутните истакна дека Командата за операции постигнала многу изминатава година.

- Наша амбиција е да евалуираме и да се приспособуваме со цел успешно пресретнување на новите предизвици и закани. Нашите структури, нашиот концепт, доктрината на војување и внатрешните процеси во армијата се оптимизираат, со цел да се постигне максимална ефикасност во процесот на генерирање на силите и нивно интегрирање во структурните и оперативните планови на НАТО. На национален план продолжуваме со вложување напори за стекнување кохезија меѓу единиците и командите и понатамошно интегрирање на националните и регионалните институции, со цел ефикасно пресретнување и спарување со ризици и заканите, кажа Емини.

Во говорот, пред присутните, тој посочи дека Командата за операции во наредниот период ќе продолжи со модернизација, опремување, воведување нов систем на вооружување и дигитализација.

На свеченоста присуствуваа генерали, пензионирани генерали, раководители, началници на сектори, советници во Министерството за одбрана, воено-дипломатскиот кор, градоначалници и претставници од локални власти, од бизнис заедницата.

На свеченоста беа унапредени, пофалени припадници на Командата и беа прочитани стимулативни мерки за дел од припадниците. Свеченоста заврши со прелет на хелокоптер со македонско знаме, настапија и културно-уметничките друштва од Куманово.

За ден на Командата за операции е определен 17. октомври, како спомен на одбележување на значајните историски настани врз кои се темелат традициите во Армијата, кога во 1878 година во селото Кресна е формиран штабот на македонското-кресненско востание кој е воедно и ден кога е кренато востанието. ам/дма/


Фото: МИА

QËNDRONI TË LIDHUR