• e shtunë, 13 dhjetor 2025

Во Куманово прогласени првенците на генерација за учебната 2024/25 година од основните и средните училишта

Во Куманово прогласени првенците на генерација за учебната 2024/25 година од основните и средните училишта

Куманово, 18 јуни 2025 (МИА) - Со свечена манифестација во Занаетчиски дом, денеска се прогласени првенците на генерација за учебната 2024/25 година, од основните и средните училишта на Општина Куманово, во организација на Здружението на просветни работници Куманово.

Како што соопштија од Општина Куманово, претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, се обратила пред присутните и заедно со членовите на Советот на Општината, на најдобрите ученици им врачи пригодни подароци и ваучери, упатувајќи им честитки за постигнатиот успех. ам/ цр/

Фото: Општина Куманово

QËNDRONI TË LIDHUR