• e diel, 06 tetor 2024

Во Куманово ангажирани 69 образовни и двајца лични асистенти за ученици од основни и средни училишта

Во Куманово ангажирани 69 образовни и двајца лични асистенти за ученици од основни и средни училишта

Куманово, 2 октомври 2024 (МИА) - Во кумановските основни и средни училишта ангажирани се 69 образовни и двајца лични асистенти, информираа денеска од секторот за образование од општината. Дополнителни барања засега нема, но се чека на проценка на МКФ комисијата. Во Куманово има пет средни и седумнаесет основни училишта.

- Имаше реакции од страна на родителите и до нас како сектор и до училиштата зашто образовните асистенти за основните училишта се организираат преку Министерството за образование и наука, поточно ресурсниот центар, училиштето Иднина од Скопје, преку МОН ангажирани се образовни асистенти во основните и средните училишта и од општинскиот проект кој се спроведува преку секторот за социјална заштита и дополнително согласно законот и за основно и за средно образование преку МОН. Сега во овој период задоволени се потребите, изјави раководителот на секторот за образование, Александар Јовановиќ.

На подрачјето на општина Куманово во средните училишта има двајца лични и десет образовани, додека во основните училишта нема личен асистент и има 59 образовни асистенти или вкупно 69 образовани и двајца лични асистенти.

- Како факт којшто може да се извлече е дека не само образовни, туку ангажирани се и лични асистенти и тоа го определува МКФ комисијата, согласно законот ученикот треба првин да оди на категоризација и доколку се определи, и има наод и мислење тогаш комисијата е меродавна и определува дали на ученикот му следува асистент дали се работи за личен или образовен асистент, вели Јовановиќ.

Од секторот за социјална заштита од општина Куманово, претходно распишаа оглас и пополнети се сите потреби за образовни и лични асистенти. Според податоците на овој сектор во двајца образовни асистенти има во државното „Киро Бурназ“, еден личен асистент има за ученик во гимназијата „Гоце Делчев“, еден образовен во „Наце Буѓони“, каде наставата се изведува на албански наставен јазик и единаесет образовани асистенти има во средното „Перо Наков“ и на македонски и на албански наставен јазик.

Специјални едукатори и рехабилитатори веќе нема, велат од секторот за образование.

- Дефицитарни сме со кадар се бараат со специјално образование да бидат рехабилитатори и едукатори, меѓутоа под центарот за вработување нема, бројката е поголема принудени се да бараат асистенти со приближно образование треба да помагаат пред сè на учениците и да го следат образованиот процес, вели Јовановиќ.

Образовен асистент му помага на ученикот при совладување на наставната содржина во координација со класниот раководител, предметните професори, стручната служба, како и семејството на крајниот корисник. ам/са/

Фото: МИА

QËNDRONI TË LIDHUR