Во Кривичен ново рочиште за судењето за убиството на Вања и Панче
- Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, каде првообвинет е Љупчо Палевски - Палчо, заедно со Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски. Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска. На денешното рочиште Судот ќе треба да се произнесе и по барањето од првообвинетиот Палевски, за изземање на судијата Ивица Стефановски, бидејќи, како што рече, се работи за спрега помеѓу судот, полицијата и обвинителството. Според Палевски, недозволиво е судијата да не е заинтересиран за пронаоѓање на оружјето со кое се извршени двете убиства, а пронајдената чаура во близина на Велес да не е доставена како доказ.
You need to login to view this page