• e premte, 14 mars 2025

Во Кавадарци усвоен Извештајот за амбиенталниот воздух за 2024 година

Во Кавадарци усвоен Извештајот за амбиенталниот воздух за 2024 година

Кавадарци, 13 март 2025 (МИА) - Советот на Општина Кавадарци, со мнозинство гласови денеска го усвои годишниот извештај за амбиентален воздух во општината за 2024 година, во рамките на 54 седница.

Советникот Павле Маневски кој е претседател на Комисијата за екологија, рече дека на вчерашната седница на комисијата побарале да им биде доставено, од 2021 година досега, колку и какви глоби биле изречени, но не добиле.

Градоначалникот Митко Јанчев појасни дека сите надлежни чинители активно работеле на терен и имало доста записници, многу предупредувања. Глоби немало изречено, бидејќи самата постапка била сложена и додека се тералo делото можело да застари, затоа истакна дека се потребни измени во законски решенија, за да има казнивост и спроведливост. Разговарале и со субјекти, индивидуалци правеле проблем на сожители. Кај нив, понатаму рече дека веројатно ќе се оди и репресивно.

Тој истаkна дека гасификацијата и топлигикацијата во иднина, ќе го намалат користењето дрвна маса и нееколошки горива.

Круме Богевски истакна дека е недзволливо како општина што го има вториот најзагаден воздух во државата, да нема ниту една глоба за загадување на амбиентален воздух.

-Постојат две решенија. Првото, се законските измени за што очигледно нема распложение во централната власт. Второто е, ,,Комуналец” да добие дозволи за мерење, рече Богевски.

Тој порача да се субвенционираат горилници за печење ракија на гас и пелетарки, да се направи стратегија за решавање на проблемот.

Вуко Мелов наведе неколку причини за загадувањето. Неповолната положба на градот, но и непланска градба и негово затворање, без провеви.

-Неприфатливо е со толку загаден воздух да нема изречени казни, повлече Мелов.

Горан Кузмановски рече дека лете загадувањето било во рамките на дозволеното а зиме, според анализите, било над 90 проценти од затоплувањето во попладневните и особено во вечерните часови.

Инспекторот за животна средина, Доне Илов појасни дека дека по 24 месечен мониторинг, било утврдено дека најголемото загадување доаѓа од загревање на домовите со фосилни горива, па од сообраќај и од урбана прашина при движење на возила.

-Инспекциски контроли се вршат постојано, повлече тој. свд/свс/

Фото: МИА 

QËNDRONI TË LIDHUR