• e shtunë, 19 tetor 2024

Во Кавадарци се одбележува меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата 

Во Кавадарци се одбележува меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата 

Кавадарци, 17 октомври 2024 (МИА) - Во Кавадарци се одбележува меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата, настан во организација на Банката за храна и регионалниот центар „Еко живот“.

Во рамките на одбележувањето на овој ден, кавадарчани согласно своите можности може да донираат храна за своите сограѓани во социјален ризик, пред неколку маркети во градот, каде што се позиционирани млади волонтери на Банката за храна. 

- Одбележувањето на меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата се следи од 17 октомври 1987 година. На тој ден, над сто илјади луѓе се собрале на Парискиот Трокадеро, каде што била потпишана Универзалната декларација за човекови права во 1948 година, за да им оддадат почит на жртвите на екстремната сиромаштија, насилство и глад, потсетија организаторите на денешниот настан. свд/ар/
Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR