• e diel, 30 mars 2025
Shqip
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Кавадарци отворено ученичко катче во Гимназијата 

Во Кавадарци отворено ученичко катче во Гимназијата 

Кавадарци, 26 март 2025 (МИА) - Ученичко катче е отворено во гимназијата „Добри Даскалов“ во Кавадарци. Од Гимназијата информираа дека станува збор за простор за дружење, креативност и инспирација. Активностите се во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“. 

- Овој простор - ученичко катче произлезе по иницијатива на самите ученици, а со поддршка и менторство на професорите Марија Добринова и Стефанија Костадинова. Неговата реализацијата е со финансиски средства добиени од самиот проект и не претставува само уште еден дел од училиштето, туку место што ќе поттикне дружење, креативност и заедничко учење, соопштија од оваа воспитно - образовна установа. 

Притоа, истакнаа дека со создавањето на ученичкото катче и активностите што ќе се спроведуваат во него, во училиштето ќе се внесе топлина и позитивност и ќе се поттикне меѓусебната поддршка, а воедно и ќе придонесе и за активно вклучување на учениците во училишните активности.

- Преку активностите, учениците ќе научат подобро да соработуваат, подобро да комуницираат, ќе им се развиваат критичкото размислување и креативноста, а истовремено ќе се чувствуваат послободни да ги изразуваат своите мислења и идеи. Со планираните активности ќе се зајакнат односите меѓу професор - ученик и ќе се поттикне поголема доверба, подвлекоа од училиштето. 

Оттаму нагласија дека ова претставува пример оти малите проекти и иницијативи можат да донесат значајни промени во подобрување на училишниот живот. свд/бд/

Фото: Гимназија Кавадарци 

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR