Во израелските напади врз Либан за еден ден загинале 95 луѓе
- Министерството за здравство на Либан соопшти дека во вчерашните израелски напади загинале вкупно 95 луѓе, а повредени се 172 лица
- Post By Марина Илиевска
- 07:49, 1 tetor, 2024
Бејрут, 1 октомври 2024 (МИА) – Министерството за здравство на Либан соопшти дека во вчерашните израелски напади загинале вкупно 95 луѓе, а повредени се 172 лица.
И во текот на ноќта израелската армија (ИДФ) изврши напади врз јужните предградија на Бејрут, а претходно ги повика да граѓаните да се евакуираат.
ИДФ синоќа соопшти дека воспоставила „затворени воени зони“ на границата со Либан, а утрово почна „ограничена и локализирана“ копнена операција против Хезболах во јужен Либан. ми/
фото: ЕПА