• e enjte, 26 dhjetor 2024

Во Германија неидентификувани дронови летале над чувствителни локации

Во Германија неидентификувани дронови летале над чувствителни локации

Берлин, 13 декември 2024 (МИА) – Неидентификувани дронови се забележани во последните недели над чувствителна индустриска зона во Германија и американската воздухопловна база во Рамштајн, соопштија денеска полициски извори, потврдувајќи ги извештаите на медиумите.

- Неколку летови на дронови над критична инфраструктура се забележани во последните денови во Рајнланд-Пфалц, изјавил неименуван портпарол на криминалистичката полиција во тој регион на југозападна Германија, пренесе Бета.

- Првично, фабриката БАСФ во Лудвигсхафен беше погодена од тие прелети, а потоа следеа прелети со дронови над американската воздухопловна база во Рамштајн, додал истиот извор.

Летовите се одвивале во самрак. Дроновите можеле да се забележат на почетокот на самракот и биле јасно видливи во темнината благодарение на светлосните сигнали.

Уредите биле „поголеми од вообичаените комерцијални „хоби дронови“, додаде регионалната полиција.

Истрагата е во тек и нема „конкретен ризик за соодветните институции“, соопшти полицијата. јт/

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR