• e martë, 16 dhjetor 2025

Во Велес по третпат ќе се одржи „Winterfest“

Во Велес по третпат ќе се одржи „Winterfest“

Велес,16 декември 2025 (МИА)  –  Во пресрет на Новодишните и Божиќните празници од 26 до 30 декември во Младински парк во Велес ќе се одржи третиот „Winterfest“ што го организира Општина Велес.

Незаборавно доживување, празнична магија, многу забава и дружење со новогодишен базар, музика, маскоти, греено вино, храна и изненадувања за најмалите, најави денеска градоначалникот Марко Колев.

Програмата ќе биде наменета за сите генерации,а со оваа третто издание на „Winterfest“ , Велес влегува на мапата на познати Новогодишно-Божиќни  базари, а  кои се одржуваат насекаде во Европските центри.

Исто како и минатата година така и оваа Младински парк ќе биде местото на кое велешани ќе можат да пазарат на базарот со рачни изработки,новогодишни подарци  и украси да шетаат во убаво украсениот  новогодишно парк.Воедно и  да се стоплат со  топли напивки,, како и вкусат  храна и да се засладат со колачи.

Магијата почнува дома, најавија организаторите.

Инаку јавниот повик на Општина Велес до сите заинтересирани за поставување на новогодишна тезга за „Winterfest“ веќе заврши.ад/

Фото: Општина Велес

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR