Се реконструира Атлетската патека на Градскиот стадион во Велес
- На Градскиот фудбалски стадион „Зоран Паунов“ во Велес веќе десетина дена како се одвиваат градежните работи на целосна реконструкцијата на атлетската тартан патека.Денеска истата се асфалтира,а од понеделник ќе започне поставувањетп на тартанот.Со тоа Велес повторно ќе го поврати сјајот на старата и ќе добие уште поубава нова атлетска тартан патека за која подлогата ќе биде според ИААФ стандарди.Целосната реконструкција на атлетската патека е околу 20 милиони денари, инвестиција на Министертсвото за спорт односно од Владата, инфррмира министерот за спорт Борко Ристовски кој со својот тим и градоначалникот Марко Колев и претставници на Општината и пратениците денеска направија увид во изведбата на градежните работи.Ристовски најави истата да биде пуштена во функција пред почетокот на летната сезона.
You need to login to view this page