• e mërkurë, 15 prill 2026

Во Битола конституиран општински Совет за социјална заштита

Во Битола конституиран општински Совет за социјална заштита

Битола, 14 април 2026 (МИА) - Во Битола денеска е конституиран општински Совет за социјална заштита со кој ќе претседава советничката во Советот на Општина Битола Марина Крстиќ, а за нејзина заменичка избрана е  советничката Софија Ристевска-Петрушева, додека функцијата секретар ќе ја врши Симона Јовеска, советник за социјални услуги за ранливи групи во Општина Битола. 

Од секторот за односи со јавност на Општина Битола поладнево информираа дека Советот ќе се фокусира на конкретни мерки насочени кон подобрување на положбата на лицата со попреченост, децата и младите во ризик, старите лица и семејствата во социјален ризик, со посебен акцент на пристапност, инклузија и рана поддршка.

Општинскиот Совет за социјална заштита ќе делува како платформа за дијалог, координација и иницирање на решенија, со цел градење поотпорен и инклузивен локален систем. мт/дма/

 

Фото: Општина Битола

QËNDRONI TË LIDHUR