• e diel, 01 shtator 2024

“Волстрит журнал”: САД нема да испраќаат техничари за одржување на авионите F-16 во Украина

“Волстрит журнал”: САД нема да испраќаат техничари за одржување на авионите F-16 во Украина

Вашингтон, 31 август 2024 (МИА) - САД нема да испратат свои механичари во Украина за одржување на западната воена опрема, вклучително и ловците F-16, соопшти денеска “Волстрит журнал”. 

Според весникот, американското раководство го отфрлило предлогот поради загриженост за безбедноста на својот персонал.  

Се наведува дека Советот за национална безбедност на САД го разгледал предлогот за испраќање цивилни изведувачи во Украина за одржување на ловците F-16 и друга воена опрема. Сепак, како што истакнуваат изворите на весникот, разузнавачката заедница и другите учесници во дискусијата сметале дека ова е премногу ризично во момент.  

-Разузнавачката заедница изрази загриженост дека Русија би можела да ги насочи своите напади кон американските изведувачи во Украина, изјавил неименуван американски функционер. 

Сепак, администрацијата не ја исклучува можноста за испраќање американски изведувачи во иднина, но, според весникот, тоа не се очекува наскоро.  

Во материјалот се истакнува дека останува можност дел од задачите за одржување на технички сложените воени машини да ги преземат европските земји. 

Предавањето на F-16 и обуката на украинските пилоти веќе долго време се една од најважните теми за кои Украина преговара со западните земји за помош Киев да се одбрани од руската агресија. 

Првата партија ловци F-16 во Украина пристигна при крајот на јули.  

Украинската војска неделава соопшти дека еден од доставените ловци се урнал, при што пилотот загинал. Украинската команда на американските партнери вчера испрати прелиминарен извештај за падот на F-16. кб/

фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR