• e diel, 27 tetor 2024

Воздухопловните сили на Украина во текот на ноќта собориле 57 руски дронови кои нападнале 12 региони

Воздухопловните сили на Украина во текот на ноќта собориле 57 руски дронови кои нападнале 12 региони

Киев, 23 октомври 2024 (МИА) - Воздухопловните сили на Украина соопштија дека во текот на ноќта собориле 57 руски беспилотни летала во 12 региони на земјата.

Во соопштението се наведува дека руските сили ја нападнале Украина со вкупно 81 беспилотно летало и истрелале проектил во областа Одеса.

Истовремено, Министерството за одбрана во Москва соопшти дека руските сили за воздушна одбрана синоќа пресретнале 10 украински беспилотни летала над полуостровот Крим, како и четири дрона кои се движеле кон брегот на Крим. паг/

Фото: МИА архива

 

 

QËNDRONI TË LIDHUR