• e shtunë, 19 tetor 2024

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ се непогода за Македонија, наместо кон ЕУ ја влечеа назад

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ се непогода за Македонија, наместо кон ЕУ ја влечеа назад

Скопје, 17 октомври 2024

Функционерите од СДС и ДУИ кои до вчера беа на функции како да живеат во некој паралелен свет, свет во кој важат некои нивни правила. Свет во кој основно правило беше да се лаже и изигрува народот.

СДС и ДУИ од патот на Македонија кон ЕУ знае само да се сликаат во авион и да лажат дека паднал договор и оти Македонија добила датум за преговори со Брисел.

СДС и ДУИ се партии кои ја блокираа Македонија на патот кон Европската унија ветувајќи нешто што немаа поима како ќе го исполнат. Тие ветуваа и потпишуваа договори со кои наместо да ги решаваат отворените прашања со соседите, тие ги комплицираа дополнително.

Македонија не виде ништо од СДС и ДУИ, освен криминал. СДС и ДУИ само збореа з ЕУ, а молеа да не оди Македонија напред затоа што тоа ќе значеше крај на нивната криминална пракса.

СДС и ДУИ отвораа проблеми на секое поле, а со тоа само ја кочеа Македонија да се движи напред, да оди кон ЕУ.

Неспособноста завршува со нив. Сега се работи во интерес на граѓаните, во интерес на просперитетна Македонија.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

QËNDRONI TË LIDHUR