• e mërkurë, 26 shkurt 2025

Средба Коалиција Вреди-Вајц: Уставните измени се обврска што треба да се исполни

Средба Коалиција Вреди-Вајц: Уставните измени се обврска што треба да се исполни

Скопје, 25 февруари 2025 (МИА) - Раководството на Коалицијата Вреди - Арбен Таравари, Билал Касами, Зеќирија Ибрахими и пратеничката Мерита Колчи Коџаџику денеска оствари средба со европратеникот и постојан известувач на Европскиот парламент, Томас Вајц.

Како што инфпормираат од собраниската прес-служба, претставниците на Вреди како нивен врвен приоритет го потенцирале членството во Европската унија. За остварување на таа цел, била изразена свесност за спорот со Бугарија и дека уставните измени се обврската што треба да се исполни.

Тие како коалициски партнери Албанци искажале разбирање за позицијата на Македонците и чувствителноста на прашањето, особено земајќи го предвид лошото искуство од минатото со промената на името поради спорот со Грција.

Известителот Вајц информирал за своите познавања и искуства во регионов и ги истакнал своите заложби за приклучување на истиот во масата европски нации, затоа што таму и припаѓа. Изразил свесност за разноврсноста на регионов и го поддржува онаков каков што е. Вајнц искажал мотивираност да придонесе кон остварување на целта и се заблагодарил за конструктивниот пристап. Најавил заложби за одврзување на јазолот со Бугарија и спуштање на дебатата на разумно ниво. На крајот, изразил уверување дека ќе се залага да изготви фер извештај за нашата земја, со позитивен тон.

Присутните биле едногласни да се продолжи со реформската агенда и сите заеднички да придонесат кон европската перспектива на земјава, затоа што, како што се наведува во соопштението, за да биде комплетна Европа ѝ треба Балканот. фф/нд/

Фото: Собрание

QËNDRONI TË LIDHUR