Владата ќе помага во уредувањето на кочанската депонија
- Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска од Штип на новинарско прашање за решавање на проблемот со депонирање на отпадот на општините Виница, Зрновци, Чешиново-Облешево на кочанската депонија одговори дека Владата ќе се залага за обезбедување на финансиски средства за уредување на депонијата и да не се отвораат нови диви депонии. Ова ќе трае се до изградбата на првата регионална депонија во светиниколското село Мечкуевци, со цел да не се реактивираат веќе затворените депонии во источниот регион.
You need to login to view this page