Вкупно 139 случаи на грип пријавени минатата недела
- Деведесет и пет лица се на возраст од 15 до 64 години. Дваесет и четири се деца на возраст од пет до 14 години, 12 на возраст до четири години. Осум лица се на возраст над 65 години. Највисока инциденца (12,4/100.000) се регистрира кај децата на возраст до четири години.
- Post By Блаже Дарудов
- 09:34, 26 dhjetor, 2024
Скопје, 26 декември 2024 (МИА) - Во текот на 51. недела од 2024 година, од 16 до 22 декември, во Република Северна Македонија се пријавени 139 случаи на групни пријави за заболени од грип - заболувања слични на грип, 17,8 отсто повеќе во споредба со претходната недела, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје, објавен утрово.
Деведесет и пет лица се на возраст од 15 до 64 години. Дваесет и четири се деца на возраст од пет до 14 години, 12 на возраст до четири години. Осум лица се на возраст над 65 години. Највисока инциденца (12,4/100.000) се регистрира кај децата на возраст до четири години.
- Заболените се пријавени од 16 ЦЈЗ/ПЕ, Дебар - 42, Гостивар - 33, Куманово - 22, Тетово - 15, а во Прилеп, Скопје, Кавадарци, Охрид, Струга, Неготино, Македонски Брод, Струмица, Битола, Свети Николе, Кратово и Штип, бројот на заболени е еднаков или помал на пет. Во 14 извештајни единици што пријавија случаи во текот на оваа недела, се регистрира многу ниска, во Гостивар - сезонска, а во Дебар - средна активност на вирусот на грип, пишува во извештајот.
Во сезоната 2024/2025, вкупниот број случаи на грип - заболувања слични на грип, изнесува 799, а во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е намален за 10,2 отсто.
Заклучно со 51. недела, во државава вакцинирани се вкупно 72.125 лица со бесплатна или комерцијална вакцина. бд/дма/
Фото: МИА архива