• e enjte, 06 shkurt 2025

Вицепремиерот и министер Стоилковиќ се сретна со делегација на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Вицепремиерот и министер Стоилковиќ се сретна со делегација на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Скопје, 6 февруари 2025

Потпретседателот на Владата на РСМ и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ денес оствари работна средба со делегација од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, предводена од претседателот Лимко Бејзароски.

На средбата беа разменети мислења и ставови на повеќе теми со фокус на афирмирањето на човековите права во општеството и стекнувањето кредибилност, како и важноста од непристрасност и еднакво постапување кон сите луѓе, без разлика на вера, нација, етничка припадност. 

Двајцата соговорници ја истакнаа важноста од соработката меѓу двете институции, како и фактот дека треба да се остане на досегашната патека, дека сите граѓани треба да се чувствуваат еднакво и дека земјата треба да остане да служи како пример како различните етнички заедници живеат заедно во продолжување на атмосферата на соживот и подготвени да чекорат заедно. 

На крајот од средбата соговорниците се согласија дека освен што соработката меѓу двете институции треба да продолжи да се негува, треба и визијата на Комисијата за заштита од дискриминација, како двигател на позитивни промени за суштествена еднаквост, промоција на човекови права и елиминирање на сите видови дискриминација која ужива голема доверба кај граѓаните, да остане заедничка цел. 

Министерство за односи меѓу заедниците

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото Министерство за односи меѓу заедниците

 

 

QËNDRONI TË LIDHUR