• e martë, 12 nëntor 2024

Вечерва во Дебар трибина за важноста на семејството: меѓурелигиски дијалог

Вечерва во Дебар трибина за важноста на семејството: меѓурелигиски дијалог

Дебар, 9 ноември 2024 (МИА) - Здружението за заштита и негување на културните вредности „Рајчица“, во соработка со општина Дебар, во рамки на проектот за поддршка на соживотот во регионот, вечерва организира трибина за важноста на смејството-меѓурелигиски дијалог.

Трибината која е  прва од ваков вид, е во рамки на низата планирани на тема „Семејството: стожер на љубовта и општествениот развој“, ќе со одржи во Националната установа Центар за култура-Дебар, со почеток во 18 часот.

Во дискусијата, со благослов на епископот Антаниски г. Партениј, учество ќе земат двајца претставници од бигорската и раичката  монашка заедница,  архимандрит Кирил и монахињата Ефимија, кои заедно со Сумеа Рамадани и  имамот Орхан ефенди Зенго, ќе го дадат својот придонес кон дебатите на оваа значајна современа тема.

-Ги покануваме сите заинтересирани да присуствуваат на овој настан, кој за првпат на исто место и во исто време ќе ги собере претставниците и гостите од двете верски заедници,  православната и исламската. Целта е да се чујат нивните позиции за важноста од поддршката на традиционалното семејство во современ контекст, рече за МИА, сестра Ефимија.

На трибината најавено е присуство на градоначалникот Хекуран Дука, епископ Антаниски г. Партениј и дебарскиот муфтија Решат Качалнику. вт/сст/

QËNDRONI TË LIDHUR