• e diel, 20 tetor 2024

Верстапен победи на квалификациите за спринтот во Тексас

Верстапен победи на квалификациите за спринтот во Тексас

Остин, 19 октомври 2024 (МИА) - Светскиот шампион Макс Верстапен од Ред Бул победи на квалификациите за спринтерската трка за Големата награда на САД во Остин, Тексас во Формула 1.

Холандскиот возач ќе стартува прв во спринтот вечерва во 20 часот по македонско време на „Патеката на Америка“ со најдобро време од 1:32.833 минути.

Џорџ Расел од Мерцедес му се придружи на трикратниот Ф1 шампион Верстапен во првиот ред со време од 1:32.845, а трет е Шарл Леклер од Ферари со најбрз круг од 1:33.059.

Четврти беше Ландо Норис од Мекларен. дс

Фото: Архива

QËNDRONI TË LIDHUR