Валдис Домбровскис: ЕУ ќе и обезбеди на Украина финансиска помош од 35 милијарди евра
Давос, 23 јануари 2025 (МИА) - Во 2025 година, Европската унија ќе и обезбеди на Украина 35 милијарди евра финансиска помош како дел од кредитната иницијатива Г7 ЕРА и програмата „Украински средства“, најави потпретседателот на Европската комисија и европски комесар за трговија Валдис Домбровскис.
„ЕУ ќе обезбеди финансиска поддршка на Украина преку кредитната иницијатива Г7 ЕРА и помош за Украина во износ од 35 милијарди евра за 2025 година“, напиша Домбровскис на платформата „Х“.
Тој изјави дека за време на престојот во Давос се сретнал со првиот потпретседател на украинската влада Јулија Свириденко со која разговарал за проширувањето и чекорите за приближување на Украина до единствениот пазар на ЕУ. зш/