• e enjte, 03 tetor 2024

Британски воени авиони учествувале во превенција од ескалација на конфликтот на Блиски Исток

Британски воени авиони учествувале во превенција од ескалација на конфликтот на Блиски Исток

Лондон, 2 октомври 2024 (МИА) – Велика Британија денеска соопшти дека два нејзини воени авиони и авион танкер синоќа учествувале во акции насочени кон спречување на понатамошна ескалација на конфликтот на Блиски Исток, но не гаѓале ниту една цел.

- Со тоа тие ја покажаа несомнената поддршка на Велика Британија за безбедноста на Израел. Со оглед на природата на нападот, тие не гаѓаа ниту една цел, но одиграа важна улога во поширокото одвраќање и спречување на понатамошна ескалација, објави британското Министерство за одбрана на социјалната мрежа Икс.

Иран синоќа истрела околу 200 проектили врз Израел како одговор на израелската операција во Либан против Хезболах. ми/

фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR