Богата програма на македонскиот кошаркарски „All Star“
- Кошаркарската федерација на Македонија за 21. декември недела закажа кошаркарски спектакл – ден посветен на славење на македонската кошарка – ден кога сите сме на иста страна: играчи, тренери, судии, делегати и клубови
- Post By Спорт Инфо
- 15:35, 15 dhjetor, 2025
Скопје, 15. декември 2025 (МИА) – Кошаркарската федерација на Македонија за 21. декември недела закажа кошаркарски спектакл – ден посветен на славење на македонската кошарка – ден кога сите сме на иста страна: играчи, тренери, судии, делегати и клубови. Ден за прослава на играта, заедништвото и убавината на кошарката, токму затоа што сме различни, а обединети околу иста вредност.
Во рамките на All Star програмата се закажани три натпревари:
1. 12:00 часот – All Star за македонските надежи (М20)
За овој натпревар, сите единаесет (11) клубови кои настапуваат во М20 лигата – мажи, се задолжени да достават по еден играч (име и презиме) од својот клуб, по електронска пошта.
Вкупно ќе бидат номинирани единаесет (11) играчи од клубовите.
Останатите тринаесет (13) играчи ќе бидат избрани од страна на стручните штабови на двете екипи, во среда, во 14:00 часот, во просториите на федерацијата.
2. 15:00 часот – Женски сениорски All Star натпревар
Изборот се спроведува по истиот принцип:
Осум (8) клубови од „Шпаркасе Лајф“ Прва лига – жени, доставуваат по еден домашен играч (вкупно 8).
Останатите седум (7) домашни играчи, како и дванаесет (12) странски играчи, по препорака на матичните клубови, ќе бидат избрани од стручните штабови на двата тима во среда, во 13:30 часот, во просториите на федерацијата.
3. 18:00 часот – Машки сениорски All Star натпревар
Дванаесет (12) клубови доставуваат по еден македонски играч.
Останатите домашни и странски играчи ќе бидат избрани од стручните штабови во среда, во 13:00 часот, во просториите на федерацијата.
Покрај трите натпревари ќе бидат организирани и натпреварувања во шутирање „тројки“ и натпревар во забивање.
Во паузите меѓу четвртините, ќе се изврши свечено доделување на награди и признанија за најуспешните поединци и колективи во сезоната 2024/25. мн/
Фото: МКФ