Благо зголемување на заболени од грип во Куманово
- Незначително зголемување на заболени од грип бележи Центарот за јавно здравје Куманово, информираа денеска надлежните. Последната недела, установата евидентирани 23 случаи, а претпоследната седумнаесет.
Куманово, 16 декември 2025 (МИА) - Незначително зголемување на заболени од грип бележи Центарот за јавно здравје Куманово, информираа денеска надлежните. Последната недела, установата евидентирани 23 случаи, а претпоследната седумнаесет.
- Она што е значајно е дека од почетокот на сезоната односно од 40-тата недела на подрачјето на ЦЈЗ Куманово, опфаќајќи ги тука општините Куманово, Старо Нагоричане и Липково, вкупно регистрирани се 244 лица, што споредено со истиот период лани, има зголемување за 50 случаи, изјави д-р Јадранка Стаменковска, началник на епидемиологија од ЦЈЗ Куманово.
Во соседните општини Крива Паланка, Кратово и Ранковце нема пријавени. Лабораториските испитувања на Центарот покажуваат дека во овој период се јавуваат респираторни инфекции, аденовируси.

- Најзастапена е возрасната група од 15 до 64 години меѓутоа и таа е најбројна и се очекува сè уште имаме низок број на деца и до четиригодишна возраст и она училишна возрасна група меѓутоа очекуваме да расте бројот, изјави Стаменковска.
Лекарите препорачуваат одржување хигиено-диететски режим и константно придржување мерки за силен имунитет, да се избегнува престој и близок контакт со веќе заболени личности, миење раце, проветрување на простории, внесување свежа храна богата со витамини и минерали, слоевито облекување, практикување здрав начин на живот и навики, добар сон и одмор, здрава храна, психофизичка активност. ам/
Фото: МИА