• e mërkurë, 02 tetor 2024

Бислими со претставници на Германскиот економски тим, за „развојниот напредок на Косово“

Бислими со претставници на Германскиот економски тим, за „развојниот напредок на Косово“

Приштина, 1 октомври 2024 (МИА) – Првиот вицепремиер на Косово, Бесник Бислими денеска прими претставници од Германскиот економски тим, предводен од неговиот претседател д-р Рикардо Ѓучи, со кој разговарал за „развојниот напредок на земјата и економските показатели“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Службата за информирање при косовската Влада објави дека на средбата се разговарало за мерките што ги презема Владата на Косово за промовирање на економскиот раст.

„Разговорот се фокусираше на развојниот напредок на земјата и економските показатели. Нагласен е економскиот раст што го постигна Косово во последните три години, растот на странските директни инвестиции е највисок во регионот, за зголемувањето на приходите, отворањето нови работни места и намалувањето на инфлацијата“, се наведува во владиното соопштение.

Водачот на економската делегација од Германиј, Ѓучи, според владината служба за информирање, изјавил дека позитивните показатели “покажуваат позитивен и моќен тренд и динамика за развојот“.

„Вицепремиерот рече дека врз основа на сите економски показатели, кои даваат преглед на економската состојба во земјата, забележуваме дека развојот на Косово е успешна и уникатна приказна, додека д-р Ѓучи рече дека сите овие позитивни показатели покажуваат позитивен и моќен тренд и динамика за развојот, за сегашноста и иднината на земјата. Тој ги вреднува економските политики што ги презема Владата и брзиот економски развој што го доживува земјата“, се вели во соопштението.

На средбата на косовскиот премиер задолжен за евроинтеграции со германскиот тим се разговарало и за важноста на Единствениот пазар за плаќања во евра (СЕПА) и напорите на Косово за зачленување во него. 

„На средбата се разговараше за важноста и придобивките од СЕПА, како продолжение на дискусијата одржана минатата недела во 'Европскиот дом' (Europe House), каде што вицепремиерот повторно ја изрази работата и чекорите што Владата ги презема во однос на унапредувањето кон членство во СЕПА“, соопшти Владата во Приштина. иа/

QËNDRONI TË LIDHUR