Без вода неколку улици и училиштето „Димитар Влахов“
- Без вода од осум часот се неколку улици на скопска територија, како и училиштето „Димитар Влахов“, соопштија утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
- Post By Блаже Дарудов
- 08:29, 9 prill, 2026
Скопје, 9 април 2026 (МИА) - Без вода од осум часот се неколку улици на скопска територија, како и училиштето „Димитар Влахов“, соопштија утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Како причина е наведен уличен дефект на улицата Венијамин Мачуковски.
Водоснабдувањето е прекинато за корисниците од оваа улица, како и улиците „Анастас Митрев“, дел од „Петар Ацев“ и училиштето „Димитар Влахов“. бд/бак/
Фото: МИА архива