• e martë, 02 korrik 2024

Без вода неколку улици во Автокоманда

Без вода неколку улици во Автокоманда

Скопје, 1 јули 2024 (МИА) - Поради уличен дефект на 16-та Македонска Бригада бб (парк Шума Гази Баба), денеска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците 16-та Македонска Бригада, Јани Лукровски, Ташко Караџа и Трифун Хаџијанев, во скопската населба Автокоманда.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до санација на дефектот. вг/бак/

Фото: МИА Архива

QËNDRONI TË LIDHUR