Без вода дел од корисниците од улицата „Востаничка“
- Без вода денеска од 11:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Востаничка“ во Општина Кисела Вода.

Скопје, 12 март 2025 (МИА) - Без вода денеска од 11:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Востаничка“ во Општина Кисела Вода.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради изведување водоводен приклучок Ф-80 милиметри на улицата „Востаничка“ 7А.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности. мд/цр/
Фото: МИА архива