Без вода делови од Кисела Вода и Чаир
- Поради дефект на приклучна цевка, без вода од 10:30 часот се корисниците од улиците „Јанко Мишиќ“, „Ратко Митровиќ“, „Радое Дакиќ“ и „Скендер Бег“ во Општина Кисела Вода, соопшти ЈП Водовод и канализација - Скопје.
- Post By Сашо Арсовски
- 10:48, 29 gusht, 2024
Скопје, 29 август 2024 (МИА) - Поради дефект на приклучна цевка, без вода од 10:30 часот се корисниците од улиците „Јанко Мишиќ“, „Ратко Митровиќ“, „Радое Дакиќ“ и „Скендер Бег“ во Општина Кисела Вода, соопшти ЈП Водовод и канализација - Скопје.
Прекин во водоснабудвањето, поради дефект, од 10:35 ќе имаат и корисниците на ул.„Ордан Чопела“ во Општина Чаир.
Прекините ќе траат до санација на дефектите.са/
Фото: МИА архива