• e premte, 27 dhjetor 2024

Барселона најде начин како да го задржи Олмо

Барселона најде начин како да го задржи Олмо

Барселона, 25 декември 2024 (МИА) - Барселона долго време ја тресе финансиската криза. Клубот се соочува со проблеми при секој нов мониторинг од УЕФА, но на „Ноу Камп“ се обидуваат да ги решаваат инвентивно финансиските проблеми.

Сепак, пред почетокот на сезоната мораа максимално да го засилат играчкиот кадар. Доведоа само двајца играчи на обештетување, но еден беше прилично скап.

Станува збор за Дани Олмо, кој на Лајпциг беше платен 55 милиони евра. Вториот е 22-годишниот стопер Пау Виктор, кој минатата сезона беше член на Жирона, а беше платен само 2,5 милиони евра.

Олмо има и посебна клаузула во договорот, според која на 1 јануари би можел да стане слободен играч. Во полусезоната во каталонскиот тим одигра 15 натпревари на кои постигна шест гола.

Тој може да го напушти клубот доколку Барселона не успее да го пријави на првиот ден од Новата година, што значи дека играчот се заштитил во случај да се продлабочат финансиските проблеми, односно доколку Барселона не го помине „скенерот“ во однос на финансискиот фер-плеј.

Сепак, ништо нема да излезе од тоа. Барселона најде начин да заработи, што во принцип не би требало да биде проблем за толку голем клуб. Покрај сето тоа, клубот тврди дека Олмо ќе биде регистриран не само до крајот на сезоната, туку до крајот на договорот, летото 2030 година.

А планот е Каталонците да продаваат ВИП-ложи на новиот стадион „Ноу Камп“ и тоа долгорочно. Логично, списокот на заинтересирани е прилично долг, па затоа и цената е висока.

Отприлика Барселона на овој начин би требало да заработи 120 милиони евра. Што би гарантирало останување на Олмо во еден од двата најголеми шпански клуба. дс

Фото: Архива

QËNDRONI TË LIDHUR