• e mërkurë, 08 janar 2025

Бадникова поворка во Дебар

Бадникова поворка во Дебар

Дебар, 6 јануари 2025 (МИА) - Деца пеејќи ја песната „Вечниот Бог“ денеска минаа низ главната и неколку споредни улици во Дебар навестувајќи го големиот христијански празник Рожденството Христово Божиќ. 

Поворката тргна од кружнот тек, во близина на Општинската зграда, носејќи во рака пештера - симбол на витлеемската пештера каде е роден Исус Христос, изработена од сестри од манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ и ѕвездички.

Во црквата „Света Петка“ ги дочека намесникот на Дебарската парохија, Миле Ангеловски, кој ги даруваше децата.

Од 16 часот во црквата „Света Петка“ ќе биде одржано Претпразненство на раѓањето Христово, а утре на Христовото раѓање во 07:15 часот ќе се одржи златоустова литургија, а богослужби ќе има и следните два дена.

Во Бигорскот манастир, божиќните празнувања почнаа вчера. Денеска, во предвечерието на големиот празник од 18 до 19:30 часот ќе има бадникова закуска со пеење на божиќни каланди.

Во 21 часот почнува сеноќно бдение во чест на светлото Рождество Христово, Големо повечерие со литиски и стиховни, утрена и божествена василева литургија, со кои ќе чиноначалствува владиката Партениј. вт/бд/

Фото: МИА

QËNDRONI TË LIDHUR