АХВ: Вонредни инспекциски контроли во Крива Паланка, уништени педесетина килограми небезбедна храна
- Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), вчера спровеле вонредни контроли на операторите со храна во Крива Паланка и притоа нештетно уништиле педесетина килограми небезбедна храна.
Скопје, 13 ноември 2024 (МИА) - Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), вчера спровеле вонредни контроли на операторите со храна во Крива Паланка и притоа нештетно уништиле педесетина килограми небезбедна храна.
-За утврдени недоследности пуштање во промет на небезбедна и недекларирана храна ( подготовки од месо) на маркет од овој град издадено му е решение и прекршочен платен налог, а како небезбедни уништени се 15, 6 килограми од посочените производи. За пласирање на небезбедни производи кои не биле декларирани, решение и прекршочен платен налог издадени се и на гостилница. Таа продавала недекларирани димени производи, замрзнати колбаси и плуподготвена замрзната храна. Како небезбедни, по потекло од овој оператор со храна, нештетно се уништени 30 килограми храна од животинско потекло, информираат денеска од АХВ.
Парична казна и била изречена и на гостилница кај која со контролата е утврдено дека не поседувала санитарни книшки за извршени задолжителни здравствени прегледи на вработените.
Оа Агенцијата за храна и ветеринарство информираат дека недоследности не се утврдени при спроведени инспекциски контроли кај пицерија и две месарници во овој град. сст/нд/
фото МИА архива