• e shtunë, 19 tetor 2024

Анчелоти: Обвинувањата за силување во Шведска не влијаат врз Мбапе 

Анчелоти: Обвинувањата за силување во Шведска не влијаат врз Мбапе 

Мадрид, 18 октомври 2024 (МИА) - Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти денеска увери дека напаѓачот на неговиот тим, на Килијан Мбапе „не му влијаат“ обвинувањата за силување против него во Шведска.

-Во моментов тоа се само шпекулации. Го гледам играчот секој ден, тој работи многу добро, тој е среќен и не чувствувам дека му влијае на никаков начин. Напротив, тој е дури и ентузијаст, изјави италијанскиот стручњак на прес- конференција пред гостувањето на Селта Виго во сабота.

Вели дека не бара засилувања од управата на клубот бидејќи минатата сезона добро се справиле со повредите и сега можеме да го направат истото. 

-Не ја исклучувам можноста да доведам некого, но не е лесно да се најде играч бидејќи ние сме Реал Мадрид. Ќе го искористиме нашиот состав, а Алаба исто така се враќа. Го загубивме Карвахал како играч, но не и како лидер бидејќи тој продолжува да работи со нас, изјави Анчелоти за тешката повреда на Дани Карвахал. дс

Фото: Архива

QËNDRONI TË LIDHUR