Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници“: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст
- СООПШТЕНИЕ - - Со трговска отвореност од над 150% од БДП и извоз на стоки и услуги од над 70% од БДП, нашата економија е пример за мала и отворена економија успешно интегрирана во глобалните трговски текови. Притоа, извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст и поддршка на платнобилансната позиција на економијата со позитивно влијание врз девизните резерви. „Во периодот по 2020 година се забележува раст на извозот на услужниот сектор, особено во делот на компјутерските и деловните услуги. Во делот на ИТ-услугите е забележано удвојување на учеството во БДП во однос на извозот во 2019 година, додека во делот на деловните услуги е забележан пораст од 50%“, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во авторскиот текст објавен во петтата годишна едиција „Топ 100 извозници 2024“ на специјализираниот портал Извоз.мк.
You need to login to view this page