• e mërkurë, 01 janar 2025

Ампева: Наместо да се разговара за минимална плата треба да се стремиме кон плата за живот

Ампева: Наместо да се разговара за минимална плата треба да се стремиме кон плата за живот

Штип, 29 декември 2024 (МИА) - За подобар живот на работникот во земјава не треба да се разговара за минималната плата, туку политичарите и синдикатите треба да се стремат кон плата за живот. Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ вели дека пресметките покажуваат дека платата за живот треба да изнесува 96.000 денари.

-Платата за живот, е нешто што треба да дозволи нормална храна, односно да не гледаме што е најевтино и неквалитетно, туку да биде нормално. Зборуваме за храна, сметки, јавен превоз, купување на облека и обувки, меѓутоа да имаме и процент од платата што ќе оди за заштеда. На пример, кога ќе ти се расипе машината за алишта, да не трчаш по кредит во банка, туку да си земеш од заштедата, изјави Ампева.

Таа посочува дека синдикатите во развиените земји, платата за живот ја пресметуваат според потребите и трошоците за основните животни потреби, односно во платата за живот се пресметуваат трошоците за храна, хигиена, здравство, култура, образование, комунални услуги и трошоците што едно четиричлено семејство ќе ги има за еднаш во годината си дозволи и еднонеделен одмор.

-Мислам дека ова не е само грижата на стопанствениците, туку и на самата власт, на самата држава. Односно ако по Устав сме социјална држава, самата држава треба да го гледа доходот и да види дали на пример Кристина, има плата за живот заедно со платата на сопругот. Тогаш државата треба да виде како може да ја пополни таа дупка и семејството да издржи, рече Ампева.

Таа додава дека работниците во реалниот сектор се уште се соочуваат со исплата на минимална плата, без додаток за смена, прекувремена работа, работа на празник или недела како неработен ден. Инаку за исплата на К-15 на работниците во реалниот сектор им остануваат уште само два дена. вдј/вј/

Фото: МИА

QËNDRONI TË LIDHUR