• e diel, 06 tetor 2024

Амбасадорите на Франција и на САД во Украина го осудија масовниот руски ракетен напад

Амбасадорите на Франција и на САД во Украина го осудија масовниот руски ракетен напад

Киев, 8 јули 2024 (МИА) - Францускиот амбасадор во Украина, Гаел Вејсиер, изјави дека Русија треба да сноси одговорност за ракетниот напад од утринава врз Украина, а особено за нападот врз детската болница Охматдит, јави Укринформ, повикувајќи се на објава на дипломатот на мрежата X.

„По синоќешните аларми, утринава нов руски ракетен напад врз Украина остави најмалку 20 мртви. Во Киев, детската болница Охматдит поддржана од Франција, беше тешко погодена и се верува дека сè уште има жртви под урнатините. Русија ќе мора да биде одговорна за ова“, напиша амбасадорот.

„За време на самитот во Вашингтон оваа недела, лидерите на земјите од НАТО ќе преземат значителни обврски за безбедноста на Украина“, напиша по нападот американската амбасадорка во Киев, Бриџит Бринк, на мрежата Х.

„Додека лидерите се собираат за 75-годишнината на НАТО, Русија истрела 40 проектили врз територијата на Украина. Оваа бесчувствителна агресија - целосно непочитување на човечкиот живот, загрозувајќи ја европската и трансатлантската безбедност - е причина зошто лидерите ќе преземат значителни обврски за безбедноста на Украина оваа недела, напиша таа.

Русија утринава изврши масовен ракетен напад врз Киев, Днипро, Кривји Рих, Славјанск и Краматорск со повеќе од 40 проектили од различни типови.

Украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко соопшти дека во рускиот ракетен напад врз Украина загинале најмалку 20 лица.сд/

QËNDRONI TË LIDHUR