• e mërkurë, 13 nëntor 2024

Алпин од 2026 со мотор на Мерцедес

Алпин од 2026 со мотор на Мерцедес


Париз, 12 ноември 2024 (МИА) – Формула 1 тимот Алпин ќе користи мотори и менувачи на Мерцедес почнувајќи од 2026 година, откако неговата матична компанија Рено одлучи да ја укине сопствената програма за мотори во Ф1.
Францускиот тим најави дека Мерцедес ќе ги снабдува од 2026 година до најмалку 2030 година, во текот на ерата со нови правилата, кои стапуваат на сила по крајот на следната сезона.
Алпин дебитираше во Ф1 во 2021 година, а сезонава во моментов е на шестото место во генералниот пласман на конструктори, на три трки до крајот на сезоната.
Возачите на тимот Естебан Окон и Пјер Гасли го освоија второто и третото место на последната трка во Бразил, што е еден од ретките добри резултати на Алпин оваа сезона.
Во следната сезона Алпин ќе користи мотори на Рено, а покрај Гасли за тимот ќе вози и Австралиецот Џек Дуан. ег

ФОТО: Фејсбук

QËNDRONI TË LIDHUR